Од МВР информираат дека е расчистен случајот со нападот на претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, односно дека на напаѓачот Аријанит Џафери му е поднесена кривична пријава.
-Во врска со случајот кој синоќа, околу полноќ, во СВР Скопје го пријави М.Б. (45) од Скопје дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје, ја известуваме јавноста дека случајот е целосно расчистен и против А.Џ.
Ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ. Веднаш по пријавувањето на настанот, преземени се содветни мерки за расчистување, односно изготвено е писмено известување до ОЈО Скопје, извршени се разговори со сведоци на настанот, обезбедена е видео снимка, извршен е разговор со пријавениот А.Џ., кој во целост го призна делото, и по консултација со јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ, информираат од МВР.
Џафери е син на висок партиски функционер Муса Џафери, кој од Бислимоски е пријавен дека синоќа го нападнал додека седел во кафеана во Дебар Мало.
Тој е сопственик на фирмата „У Пауер“, која е на листата фирми на Регулаторна за одземање лиценци на снабдувачи на електрична енергија бидејќи не ги обезбедиле навреме и во целост количините на струја до потрошувачите со кои имаат склучено договори.