Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта, завршија сите потребни проверки, соопштија попладнево во Министерството за внатрешни работи.
„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје (девет училишта), Битола (три училишта), Прилеп (две училишта), Тетово (две училишта) и две училишта во струшко по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од МВР.