385
По направените проверки во врска со денешните пријави во 21 средно и 11 основни училишта на подрачјето на Скопје, едно основно училиште во Прилеп и Основниот суд во Охрид, МВР информира дека станува збор за лажни пријави.
-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа е извршена и детална проверка од тим за антитерористичка проверка и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, се вели во соопштението.