МВР: Лажна вест е дека МВР распишало оглас за 500 полицајци

by fokus

Министерството за внатрешни работи демантира дека е распишан јавен оглас за вработување на 500 полицајци, откако дел од медиумите ја објавија оваа информација.

-Во моментов МВР нема распишано оглас за вработување на полицајци воопшто, а последниот јавен оглас за вработување на 500 полициски службеници е распишан во август 2017 година. Имено, и на линкот наведен во текстовите на двата портала „Алфа“ и „Скопјеинфо“, кој треба да води до наведениот оглас, упатува до празна страница, односно во моментов не постои објава на ниту еден оглас.

Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира да не се изнесуваат лажни вести и дезинформации кои можат да доведат до забуна во јавноста, туку инсистира на точно, навремено и вистинито информирање, кое е и еден од приоритетите во работењето на ова министерство, се вели во реакцијата на МВР.

Поврзани новости