МВР: Кривична пријава за екс градоначалникот на Василево, со општински пари плаќал гориво за приватни патувања

by fokus

Против поранешниот градоначалник на Василево, 52-годишниот Ванчо Стојанов е поднесена кривична пријава поради сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“, информира МВР.

-СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.С.(52) од село
Едрениково, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за
сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во периодот
од 2013 година до 2017 година пријавениот, како градоначалник на
општина Василево, без претходна одлука на Советот на општина
Василево, издавал решенија за трошоци за гориво за приватни и службени
патувања на вработени и лица кои не биле вработени во наведената
општина, со патнички возила кои не биле во сопственост на општината. Со
ова, пријавениот нанел штета од 303.900 денари на Буџетот на општина
Василево, информираат од МВР.

 

Поврзани новости