Министерството за внатрешни работи ќе поднесе кривична пријава против 25-годишниот Благојче Ристовски, вработен во Агенцијата за разузнавање, кој беше приведен вчера пред почетокот на Суперкупот во Скопје.
Министерот Оливер Спасовски на прес-конференција информираше дека кривичната пријава ќе биде поднесена против разузнавачот бидејќи се обидел да спречи службено лице при извршување на неговите работни обврски.
Според информациите од полицијата, Ристовски давал отпор и покрај обидите на полициските службеници да го смират, по што бил совладан, врзан со лисици и приведен во полициската станица во Кисела Вода. На алкотестот било утврдено дека приведениот има 1.06 промили алкохол. Од страна на ЈО дадена е насока настанот да се третира како „спречување на службено лице во вршење службено дејствие.“