МВР ќе испитува што барал службен „ренџ ровер“ во Грција

by fokus

Министерството за внатрешни работи ќе истражува дали службено возило марка „Ренџ Ровер Дискавери Спорт” бил злоупотребен од висок функционер вработен во Министерството. Претходно порталот „Нет прес“ објави дека теренското воило во сопственот на МВР било забележано во Грција и дека наводно го користат четири млади девојки кои летуваат во популарниот камп „Евридки“.

Од МВР велат дека ќе се испитува дали возилото ја преминало границата.

„Возилото за кое информиравте е сопственост на МВР, и е возено од службено лице вработено во министерството. За користењето на службеното возило ќе бидат известени соодветни органи во структурата на министерството кои ќе го истражат случајот, а за резултатите од истрагата ќе бидете навремено информирани“, велат од таму.

Поврзани новости