МВР казни 248 возачи во Скопје

by fokus

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 248 мерки.

Како што соопшти МВР, од нив 60 мерки се за недавање првенство на минување на пешаци, осум санкции за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се и шест санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 72 мерки за непочитување на брзината на движење…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.

Поврзани новости