708
На територијата на град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42.
Од МВР информираа дека од вкупниот број изречени санкции, 19 се за возење без возачка дозвола, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 53 мерки за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавија од МВР и апелираате до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.