Министерството за внатрешни работи во изјава за „Фокус“ ја потврди екстрадицијата на Агим Красниќи и Сехат Рамадани, кои беа дел од „кондовската група“
-Во текот на вчерашниот ден извршена е екстрадиција на лицата Агим Красниќи и Сехат Рамадани од Косово во нашата држава и истите се предадени на надлежните судски органи, велат од МВР.
„Фокус“ дознава: Агим Красниќи и Сехат Рамадани екстрадирани од Косово во Македонија
И двајцата во 2020 година не се вратија од слободен викенд во штипскиот затвор каде ги издржуваа затворските казни. Сега пак се вратени во истиот затвор и треба да одлежат три од вкупно 15 години.
Тие беа осудени за повеќе кривични дела поврзани со насилство, киднапирање, изнуди и нелегално оружје.
(АРХИВА) Мека за бегалците од Македонија – И Агим Красниќи од озлогласената „кондовска група“ е безбеден на Косово?
Агим Красниќи беше дел од озлогласената „кондовска група“, која во 2004-та и во 2005-та соработуваше со повеќе осомничени насилници од Косово, кои се криеја во предградието на Скопје и се закануваа дека ќе го бомбардираат.
Претходно и Косовецот Бесим Красниќи, во мај беше екстрадиран во Македонија и вратен во затворот „Идризово“.
Ф.Ф.С.