МВР изрече казни за 67 автобуси што вршат превоз на ученици, 17 упатени на вонреден технички преглед

by fokus

Вчера во периодот од 12.00 до 16.00 часот е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 67 сообраќајни прекршоци, при што едно возило е исклучено од сообраќај поради истечена регистрација, информираат од МВР.

Оттаму појаснуваат дека на вонреден технички преглед се упатени 17 возила.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.

Апелираат до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за поголема безбедноста на децата и на сите нас.

Поврзани новости