Интерпол до македонската полиција има доставено листа од имиња и податоци на 60 опасни и проблематични навивачи. За нив МВР издаде забрана за влез во државата се до завршување на Супер купот, пренесува Телма.
На листата се наоѓаат лица со екстремни ставови, веќе регистрирани како опасни прекршувачи на законот на спортски натпревари и на други јавни настани. Меѓу опасните според Интерпол имало лица од европски земји, од Шпанија и од Англија (од каде се двата тима учесници во Супер-купот), но имало и неколкумина познати екстремни навивачи од соседството, Грција, Србија, Косово и Хрватска.
Едно лице од листата на Интерпол вчера се обидело да влезе во државата преку граничен премин во Македонија, но по проверките и утврдувањето дека е на стоп-листата лицето е вратено назад.
За безбедноста на Супер купот се грижат над 2 илјади македонски полицајци, а помош во техника и информации полицијата добива и од полициските и безбедносните служби на пријателските земји