МВР исплатило 18 милиони евра за прекршени работнички права

by fokus

Министерството за внатрешни работи исплатило речиси 18 милиони евра во последниве седум години за прекршени работнички права, пренесува 24Вести.  Поранешни или сегашни вработени го тужеле Министерството поради неосновано отпуштање, неосновано распределување, поради неисплаќање на надоместоци за прекувремена, ноќна и работа за време на празници.

Според статистиката на МВР, во периодот од 2010 до 2017 година поднесени се вкупно 14.779 тужби против МВР. Во оваа бројка има и случаи кои се уште се во тек. Изгубените спорови во истиот период го чинеле министерството 17.874.035 евра. Најголем број тужби, но и највисоки исплатени суми имало во изборните 2011 и 2014 година. 2011 предничи со поднесени 2874 тужби против МВР и исплатени 3.598.841 евра. Следна е 2014 година со 2294 тужби и исплатени 2.683.447 евра. Карактеристично е што бројот на поднесени тужби во постизборните години е најмал, но сумите исплатени за отштети се помеѓу највисоките. Во 2012 и 2015 кога се поднесени помалку од 1000 тужби, од буџетот на МВР се одлеале по речиси 3 милиони евра за прекршени работнички права.

Од вкупната сума исплатени пари, забележително е дека министерството исплатило повеќе за судски трошоци отколку за главниот долг. Па така, кај работниците кои тужеле завршиле 7.747.011 евра, додека судските трошоци го чинеле МВР 10.127.020 евра.

Поврзани новости