366
Синоќа, во доцните часови, инспектори од УЈП со полициска придружба, од стотина полицајци, извршија контрола во ресторани, кафулиња и дискотеки во Тетово и Гостивар. Ваква контрола со години не беше извршена во овие два града. Синоќа вакви проверки беа извршени и во Битола и Прилеп.
УЈП вршеше проверка дали во кафулињата се точи алкохол на малолетници, се пуши цигари и дали се издаваат фискални сметки.
Во текот на денот се очекува од МВР да излезат со детали за состојбата која ја затекнале ненајавените гости од двете институции.
Минатиот викенд вакви контроли се извршија и во Скопје, при што беа затворени десетина кафулиња кај кои беа утврдени пропусти.