Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, денеска одржа прес конференција на која рече дека МВР го осудува насилството кои се случи во текот на вчерашниот ден и апелира на разумност.
-Граѓаните имаат право да протестираат на демократски начин и да ги изразат своите ставови, а законот за јавен ред и мир мора да се почитува, изјави Нухиу.
Тој апелираше граѓаните да се воздржат од насилство и да не го нарушуваат правниот поредок и уставните вредности.
Јордан Ламаноски, помошник министер за односи со јавност во МВР, соопшти дека што се однесува до нападот на новинарската екипа, на разговор во полиција се повикани 12 луѓе за да се пронајдат двајцата напаѓачи на новинарот и снимателот. По нападот на новинарите, кај Народна банка е нападнато едно момче од група младинци, а потоа истата група нападнала уште шест други малолетници. Од овој напад две момиња завршиле во болница, а едно е задржано на лекување. Имало и насилството во автобус на ЈСП со број 58.