МВР го потврди случајот со експлозивната направа во пекарата на Мисајловски

by fokus

МВР утринава потврди дека ноќеска во 03.40 часот било пријавено оти на ул. „Ѓорче Петров“ излегува чад од пекара сопственост на Б.М. (62), а претходно се слушнала детонација. Се работи за семејната пекара на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

-По пристигнување на полициските службеници на местото на настанот забележано е дека влезната врата е целосно извадена од лежиштето и причинета е материјална штета, па постои основано сомнение дека се работи за подметната експлозивна направа. Повредени нема. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости