473
МВР попладнево соопшти дека го пронашла сопственикот на Фејсбук профилот, кој објави нови снимки од прислушувани разговори.
-Утврдено е кој стои зад профилот на ‘Фејсбук’, од каде што се пласирани овие содржини, и за тоа е известено Обвинителството. Исто така, известена е социјалната мрежа ‘Фејсбук’, односно надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис, велат од МВР.
По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста.