1.2K
Против Бујар Османи ќе биде поднесена прекршочна пријава поради кршење на Законот за патен сообраќај. Како што се гледа на видеото, објавено од Османи, на својот профил на фејсбук, тој додека управува со автомобилот разговара на телефон и минува преку полна линија.
– МВР му изрече соодветна казна на Б.О. за сторен сообраќаен прекршок по законот за безбедност во сообраќајот, потврдуваат од МВР за „Фокус“.