490
Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение го демантира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во интервју за српската телевизија Прва вели дека уапсеното лице кое пукаше со пиштол при инцидентот на плоштадот „Скендербег“ било вработено во МВР.
-Министерството за внатрешни работи најостро и категорично ги демантира лагите кои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги изнесе на српската телевизија Прва, дека уапсеното лице кое пукаше со пиштол при инцидентот на плоштадот Скендербег било вработено во МВР, се наведува во соопштението од Министерството.