1.5K
Со полициска придружба припаднците на еврејската верска група „Лев Тахор“ синоќа беа преместени од Куманово во Скопје поради загрозување на нивната безбедност.
-Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите, порачаа од МВР.
Преместувањето следуваше откако во Куманово пред куќата во којашто беа сместени постојано се собираа граѓани, а имало и фрлање со јајца и камења кон куќата.