Министерството за внатрешни работи доцна вечерта ги добило решенијата за притвор на Горан Грујевски и Никола Бошковски, функционерите од УБК обвинети за незаконското прислушување и злоупотреба на системите за прислушување, информираа од таму.
Според процедурата, судот го известува министерството за внатрешни работи, а тие треба да ги спроведат во Шутка.
Врховниот суд денеска во текот на денот ги потврди одлуките на Апелација, така што овој суд одлучи од притвор сепак да се спаси Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Сашо Мијалков. Наместо во притвор, врховните судии одлучиле да му се одземе и дипломатскиот пасош.
На тројцата обвинети во „Таргет и Тврдина“, Кривичниот суд најпрво одлучи да им бидат одземени пасошите, но по жалбата на Специјалното јавно обвинителство до второстепениот суд, Апелациските судии им одредија притвор од 30 дена, по што одбраната се жалеше од Врховен.