МВР ги демантира ВМРО-ДПМНЕ: Со ветингот ќе се види кој е вработен на законит начин

by fokus

Министерството за внатрешни работи ги демантира ВМРО-ДПМНЕ кои денеска објавија наводен скандал за судир на интереси меѓу советник во кабинетот на министерот Спасовски и неговиот татко, кој од Спасовски добил дозвола за проширување на својот бизнис со станица за технички преглед. Од ВМРО-ДПМНЕ побараа случајот да го разгледа антикорупциската комисија.

Од МВР, пак, велат дека сите вработени ќе подлежат на ветинг за да се утврди кој е незаконски вработени. ВМРО-ДПМНЕ, додаваат, шири дезинформации.

„Согласно законските прописи, секое правно лице кое што ги исполнува условите, има право да аплицира за добивање на овластување за станица за технички преглед. Условите се пропишани со Законот за возила односно членовите 62,63,64,65 и 66. Овластувањето за вршење на технички преглед на возила го издава МВР, додека Овластувањето за идентификација и идентификација и оценка на техничката состојба го издава Министерството за економија. МВР во сите случаи постапува согласно законите. Исто така не е точно дека некој има можност да влијае врз одлуките на стручните служби во министерството. Што се однесува до вработувањата, токму во овој период МВР го промовира процесот на ветинг кој ќе покаже кој и како е вработен и тоа ќе и биде достапно на јавноста. Буквално секој вработен ќе биде подложен на ветинг и тогаш ќе се види кој е вработен на законит начин, а кој ќе мора да сноси одговорност“, соопштија од МВР.

Поврзани новости