Целосно ги демантираме дезинформациите изнесени од ВМРО-ДПМНЕ, односно од Наќе Чулев за наводни неправилности или злоупотреби при набавката на храна од страна на МВР, се навесува во реакцијата на ова министерство,
Наспроти паушалните обвинувања, вистината е дека е спроведена јавна набавка по направени анализи и поставени високи критериуми кои треба да ги исполнува заинтересираниот економски оператор, а се однесуваат на вработени, техничка опременост како и гаранции за квалитетно извршување на услуга преку банкарска гаранција и осигурителна полиса за сите конзументи., велат во МВР
Во периодот пред доаѓањето на министерот Спасовски во МВР за петте кујни кои ги поседува МВР не е водена потребната грижа ниту за стандарди, ниту за опрема, ниту за соодветен кадар, се наведува во соопштението.
Со спроведената набавка МВР ќе добие повисоко ниво на услуги од сегашното, поголем квалитет на оброците, инвестиции во објектите од страна на операторот од кои дел ќе останат во трајна сопственост на МВР, а ќе направи порационално користење на кадарот и финансиски заштеди, а не трошоци со целиот процесм се наведува во реакцијата на МВР по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за наводните неправилности при набавка на храна