331
Две лица се повредени на Попова Шапка, откако се превртел четирициклот во кој се возеле, соопшти Министерството за внатрешни работи. По несреќата тие се пренесени на лекување во болницата во тетово.
-Вчера во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во месноста „Церипашина“ на Попова Шапка, четирицикл „кавасаки“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот тетовец А.Х., на кој се превезувала и 41-годишната тетовка Е.Х., се превртел. Во несреќата, двете лица се здобиле со повреди и биле пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово., соопшти МВР.