МВР досега заплени 100.000 парчиња пиротехника

by Fokus

На подрачјето на државата досега се запленети 100.000 парчиња пиротехнички средства, информираше при денешната посета на СВР Куманово, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Ние имаме кампања, практично би рекол против злоупотреба на пиротехнички средства. Превентивната кампањата ја водиме и ние какo МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, во која се укажува на младата популација, учениците, за опасностите од користење на пиротехиките средства. Досега имаме запленето околу 100.000 парчиња пиротехника од кои 4.000 се токму на територијата на Куманово, изјави Спасовски.

Тој апелираше до граѓаните, особено до младите да не користат пиротехнички средства, укажувајќи дека нема убавина во прославувањето со пиротехника која само може да го загрози здравјето и животот на блиските.

– Да прославуваме на сите начини на коишто ќе ни причинат задоволство, но никако со оружје или пиротехника со кои можеме да си го загрозиме сопствениот живот и животот на најблиските, рече Спасовски.

Поврзани новости