434
На електронските адреси на 18 училишта, од кои 16 во Скопје и две во Куманово денеска е стигната дојава за поставени експлозивни направи.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека дојава е стигната и на приватните мејлови на девет професори во истите училишта.
– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од Министерството за внатрешни работи