606
Утрово полицијата врши претреси и апси криумчари на артефакти во тетовско и битолско, објави МИА, повикувајќи се на извори во истрагата.
Според нашите извори, досега уапсени се осум лица поради соменение за присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, а пронајдени се и повеќе предмети.
Од Министерството за внатрешни работи само потврдуваат дека во тек е акција, а повеќе детали најавуваат во текот на денот.