МВР: „АМЗ Гостивар“ ги отстранила недостатоците и забраната за работа била укината

by fokus

МВР вели дека ВМРО-ДПМНЕ изнела дезинформации по нивната прес конференција на која соопштија дека станицата за технички преглед „Авто мото здружение“- Гостивар, која ги сервисирала автобусите на „Дурмо турс“, добила забрана за работа, но потоа забраната била поништена.  Од Министерството образложија дека во април минатата година била извршена редовна контрола над „Авто мото здружение Гостивар“ и биле утврдени недостатоци и пропусти во работењето, меѓутоа подоцна недостатокот бил отстранет.

Утврдено било дека не се обезбедува видео запис од возила кои извршиле технички преглед, па поради тоа од страна на МВР е донесено Решение за изречена мерка- Забрана да врши технички преглед на возила и неправилноста да ја отстрани во рок од 30 дена, велат од МВР.

Станицата за технички преглед го отстранила недостатокот и писмено го известило МВР дека тоа е направено, по што стручни лица од МВР извршиле повторен надзор и констатирале дека недостатокот е отстранет, за што се изготвени записник и службена белешка.

-Откако е констатирано дека недостатокот е отстранет, на 15 август е донесено решение дека правното лице може да продолжи со работа, бидејќи ги исполнува законските услови.
Апелираме до политичките партии да не шират дезинформации и шпекулации и да не се обидуваат да ја злоупотребат оваа трагедија и да остават институциите да ги утврдат причините за овој трагичен настан, вели МВР во реакцијата.

Поврзани новости