Во официјалното соопштение од МВР за синоќешната акција во Струмица во магацинот каде волонтери пакувале пакети со храна од донациите на семејството Заев, се наведува дека полицијата постапувала според план и задачи за непочитување на забраната за движење.
„На улицата „Ѓорѓи Трајков“, биле затекнати 11 лица и пакети. Од страна на полицијата лицата се легитимирани по што е констатирано дека дел од лицата поседуваат дозволи за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа издадени од Здружение за хуманитарни цели ’Сите заедно можеме‘, а дел од лицата поседуваат Известување издадено од Општинскиот штаб за заштита и спасување при општина Струмица на 10 април 2020 година. Со овластување на дежурниот јавен обвинител извршен е увид и одземени се дозволите и известувањата со цел проверка на веродостојноста на истите“, – се наведува во соопштението на МВР.