МВР: Адвокати, банкари и менаџери купувале кокаин

by fokus

Во текот на вчерашниот ден МВР на неколку локации изврши претреси и апсења, откривајќи организирана група која продавала дрога, а денеска од МВР појаснија дека во акцијата биле уапсени четворица скопјани.

Од полицијата открија и еден интересен детал, односно дека клиенти на овие дилери биле и адвокати, банкари, менаџери и други лица.

-За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се голем број на материјални докази и документирани се бројни купопродажби на кокаин кон менаџери на кафе барови, ноќни клубови и ресторани, потоа адвокати, директори, банкари и вработени во јавна администрација, при што лишени од слобода беа 12 лица. Во контекст на ова, а во рамки на истрагата претходно поднесени се две кривични пријави до ОЈО Скопје и ОЈО Куманово, против две лица од кои едно лице вработено на висока позиција во Царинската управа за сторено кривично дело –  “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” казниво по чл.215 ст.1 и „овозможување на употреба на наркотични дроги“ по чл.216 ст.1од КЗ на РСМ, информираат од МВР.

Криминалистичката истрага се спроведувала три месеци, а според сознанија на „Фокус“, клиентите на дилерите, меѓу кои имало и директори, менаџери, адвокати и банкари, биле приведени на почетокот, но оваа информација се чувала во тајност, за да не се наруши текот на акцијата која требало да следи.

В.В.

Поврзани новости