МВР: 570 возачи казнети за 24 часа во Скопје

by fokus

Министерството за внатрешни работи (МВР) санкционирало 570 возачи при акциска контрола на територијата на СВР – Скопје во текот на вчерашниот ден.

Од нив, појаснуваат од МВР, 150 се за возење со брзина поголема од дозволената, 22 за управување возила без возачка дозвола, четворица возачи управувале возило со активна мерка – забрана за управување моторно возило, еден возач управувал возило под дејство на алкохол и еден управувал возило со измината важност на регистрација.

„Останатите мерки се однесуваат на останатите прекршоци, од кои најголем број се за погрешно или недозволено паркирање. Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови“, додаваат од МВР и апелираат да се почитуваат прописите за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости