755
МВР: 29 лица не го почитувале полицискиот час, 22 се приведени
![policiski cas korona](https://fokus.mk/wp-content/uploads/2020/04/policiski-cas-korona.jpg)
Во текот на изминатото деноноќие, на ниво на целата држава 29 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 22 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Како што соопшти МВР, за изминатото деноноќие на 41 лице им се издадени решенија за изолација, а 16 лица потпишале изјави за самоизолација.
При извршени контроли кај лица во изолација и самоизолација, полицијата не евидентира лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.