615
Во текот на изминатото деноноќие, 31 лице на територијата на целата држава не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 25 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.
Во однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски евидентирани се 23 лица што ја прекршиле оваа мерка.
За последните 24 часа, на 81 лице им се издадени решенија за изолација, а 113 лица потпишале изјави за самоизолација.
При контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.