161
МВР попладнево соопшти дека се вратила дома девојката (22) која беше пријавена дека се одалечила од домот.
“На 09.12.2023 во попладневните часови во Полициска станица Карпош, Д.М.(53) пријави дека неговата ќерка Т.М.(22) е вратена во домот. За неа во 04.30 часот тој пријави дека се оддалечила од домот, по што полициски службеници преземаа активности за нејзино пронаоѓање, се наведува во соопштението од полицијата.