МВР: 19 единици крв собрани во традиционалната крводарителска акција на Единицата за брзо распоредување

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денес е реализирана традиционална крводарителска акција на припадниците на Единицата за брзо распоредување  во чест на 23 август – Денот на единицата.

 

„Денеска припадниците на Единицата за брзо распоредување во кругот на Полицискиот центар ‘Ѓорче Петров’ учествуваа во крводарителска акција, во соработка со Црвен крст од Општина Карпош и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.  Во крводарителската акција што беше организирана во пресрет на денот на единицата, беа собрани 19 единици крв“, соопшти МВР.

Поврзани новости