МВР соопшти дека во текот на вчерашниот ден од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома, при што се констатирани две кривични дела за возење без лиценца по член 284-а од Кривичниот законик и 65 сообраќајни прекршоци.
Од нив осум биле за возење без возачка дозвола, еден за неносење сигурносен појас,…, а на вонреден технички преглед се упатени 18 возила.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува МВР.