375
Полицијата вчера во период од 14.00 до 19.00 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што се санкционирани 146 возачи.
-Од нив, 65 на територијата на СВР Тетово, 30 на територија на СВР Охрид…, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.