1.2K
Своевремено член на популарната музичка група ,,Арија”, а денес ИТ инженер, Орце Димитровски деновиве се пофали на социјалните мрежи со новиот дом во Холандија.
Тој објави фотографии со ќеркичките и сопругата Билјана, и порача дека во новиот дом е време за нови спомени.
Семејството веќе неколку години живее во Холандија, а во постаро интервју Орце раскажа дека уште кога стапиле во брак се гледале себе надвор од Македонија. Холандија ја избрале како идеална дестинација, бидејќи процениле дека таму можат да напредуваат.
Инаку, Орце во минатото беше во брак со водителката Лила Филиповска. Тие заедно снимија и дует, со кој настапија на фестивалот Охридски трубадури.
Вики Клинчарова