Фолк пејачот Александар Темелков (23) и неговата сопруга Сара добја син. Ова е прво дете на парот, а младиот музичар ја објави радосната вест на социјалните мрежи.
-Јас и мојата сопруга Сара станавме родители, ни се роди нашиот принц. Ти благодарам Господе за овој дар- напиша тој.
Темелков, кој живее во Велес, и стана познат на јавноста во регионот по своето учество во музичкото шоу ,,Ѕвездите на Гранд”.
Уште како дете започнал да се занимава со музика, и од најрана возраст има учествувано и на други музички натпревари, а по професија е енолог.
Има снимено неколку авторски песни и има редовни настапи. За новогодишниот дочек гостуваше во локал во Германија.
Веста дека со свршеницата Сара ќе станат родители ја објави лани во октомври, а свадбата ја планирале оваа година.
Вики Клинчарова