Музичарите во исчекување: Лозано беше најслушан во 2020, чии песни најмногу се слушаа лани?

by Fokus

Естрадата е во исчекување на резултатите за најслушани песни во изминатата 2021 година, кои редовно ги објавува ЗАМП (Здружение за заштита на авторски музички права).

Со оглед на тоа што минатата година помина во знакот на пандемијата, со забрани за настапи во живо, голем дел од музичарите се жалеа на лошата финансиска состојба, и бараа алтернативни начини на заработка. Некои пак, времето без настапи го искористија за снимање на нови материјали.

Кои ќе бидат естрадните уметници чии песни ќе се најдат на листата на најслушани во Македонија, се уште не е објавено на страницата на ЗАМП, но како потсетување, во 2020 година Македонците најмногу го слушале Влатко Лозановски – Лозано.

Дури пет песни од него се најдоа во првите десет најкористени домашни дела, и тоа песната ,,Ова лето ќе се памти” беше на првото место по слушаност.
Зад него беше песната на Елена Ристеска ,,Немаш право”, а трета по слушаност беше ,,Како да се радувам” на Елена и Панчо ДНК.

Во првите топ десет најслушани се најдоа и две песни на Тамара, како и една од Владо Јаневски – ,,Повторно се заљубувам во тебе”, снимена во 2006 година.
Во годините пред тоа пак, на листата на најслушани освен забавни, имаше и народни песни, најчесто од Наум Петрески, Ефто Пупиновски и други.

Вики Клинчарова

Поврзани новости