715
Орден за заслуги за Република Северна Македонија ќе добијат музичарите Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан, соопштија од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
Ордените на музичарите од некогашниот бенд „Леб и Сол“ претседателот ќе им ги додели утре на свечена церемонија. Утре се одбележува 60 годишнината од земјотресот во Скопје.