399
Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека неговата партија смета дека веќе десет години Македонија заслужува датум за почнување преговори со ЕУ, без разлика што сега се во опозиција.
-Ние како ВМРО-ДПМНЕ сме застапници дека Македонија веќе десет години заслужува датум за отпочнување преговори, независно од тоа што сме сега опозиција, што имаме противправно замрзнат имот, ние лобираме Македонија што побрзо да добие датум. И нема да не радува ако тоа не се случи во јуни. Но, не смееме да создаваме лажни очекување, па како лани да правиме прослави дека сме добиле датум, рече Муцунски.