Најавената средба меѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и бугарскиот премиер Росен Жељазков на маргините на Самитот на НАТО во Хаг, веројатно нема да се случи, изјави за ТВ Канал 5 министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
„Жалам што по последните информации коишто ги имам, веројатно, тука во Хаг, нема да има средба помеѓу претседателката и премиерот на Бугарија“, кажа Муцунски.
Нагласи дека македонската страна останува отворена и подготвена за дијалог на сите нивоа, од претседателско и премиерско до министерско ниво.
Средбата меѓу претседателката Сиљановска-Давкова и бугарскиот премиер Росен Жељазков се очекуваше да се случи на Самитот на НАТО во Хаг, што ќе значеше директен контакт на највисоко ниво меѓу македонската и бугарската страна.