Бугарското МНР: „Вековен македонски идентитет“ ги повредува чувствата на Бугарите

by Fokus

„Бугарија останува посветена на сите елементи од европскиот консензус од 2022 година, чија имплементација е единствена можност за европска интеграција на Република Северна Македонија“, соопштија од бугарското Министерство за надворешни работи во врска со извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) за напредокот на Македонија кон полноправно членство во ЕУ.

-Овој став е категорично потврден со одлуките на Националното собрание од јуни 2022 година и мај 2025 година, додаат од тамошното МНР.

Оттаму велат дека бугарското МНР ја зема предвид содржината на Извештајот, вклучувајќи ги и проценките и наодите во врска со состојбата на европската интеграција на Македонија.

-Ја поздравуваме решеноста на АФЕТ да не биде вовлечен во шпекулативни националистички наративи поврзани со тврдења за „вековен македонски идентитет“, кои се спротивставуваат на европските вредности на инклузија и ги повредуваат чувствата и на Бугарите и на претставниците на другите заедници во Македонија, истакнуваат од Софија.

Од ресорот на министерот Георг Георгиев истакнуваат дека Бугарија постојано изјавува дека нема забелешки на современите „модерни“ перцепции за идентитетот на која било поединец или заедница – тоа е прашање на личен избор.

-За жал, манипулативното толкување на овој став од страна на властите во Скопјe често служи како изговор за неисполнување на преземените обврски. Ова е една од причините за одложувањето на процесот на европска интеграција на Македонија.

Нашите загрижености во врска со политиките на Македонија се првенствено поврзани со две клучни прашања:

1. Гарантирање на правото на Бугарите во земјата на самоопределување, без страв од прогон и дискриминација;

2. Спречување на провокации против милиони бугарски граѓани – граѓани на Европската Унија – од кои многу се потомци на Бугари од географскиот регион Македонија, велат од бугарското МНР.

Поврзани новости