252
Поддршка од Унгарија за справување со пожарите. Пристигнуваат теренски возила и воздухоплови, напиша на фејсбук министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
-Во денешниот телефонски разговор, мојот унгарски колега, Петер Сијарто, ме информираше дека Унгарија ќе испрати три противпожарни возила и воздухополови, кои ќе помогнат во справување со пожарите.
Помошта од Унгарија е од големо значење.
Изразив голема благодарност за солидарноста и ја нагласив важноста на соработката меѓу нашите земји во вакви критични моменти. Се заблагодарив за брзата реакција и поддршката од унгарската страна, истовремено истакнувајќи дека Владата и Министерството ги користат сите расположливи механизми за побрзо справување со огнените стихии, вели Муцунски.