Предусувачки фактор за да одиме на избори беше неспособноста на власта да се справи со пандемијата, рече меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во „Топ Тема“ на Телма.
-Политиките во делот на здравство се креираа за да се дојде до брзи парламентарни избори. Тоа беше инсистирање на СДСМ. Ние во целокупниот процес на дијалог со сите политички субјекти во државата нагласувавме дека има одредени предуслови кои што се потребни за да дојдеме до парламентарни избори. Факт е дека на државата ѝ се потребни функционални институции, тоа не може никој да го спори. Но за нас пресудувачки факт беше состојбата којашто се случи токму со корона-кризата – нагласи Муцунски.
Според него, СДСМ треба да одговара за дебаклот што се случи во здравствениот и економскиот дел.
-Навистина ми беше непријатно како слушнав дека министерот Наќе Чулев и сите граѓани се виновни. Барем тоа е моја една интерпретација. Постојат институции на систем, постои претседател на Влада, постои министер за здравство, постои Комисија за заразни болести. Па ако влеземе во министерството за внатрешни работи постои и директор на Бирото за јавна безбедност. И сите овие луѓе се од политичката партија на СДСМ – истакна Муцунски.