Муцунски разговарал со новиот шеф на бугарската дипломатија, Георг Георгиев

by Fokus

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски објави дека разговарал телефонски со новиот бугарски колега Георг Георгиев. Оцени дека првиот разговор со својот бугарски колега поминал во пријателски дух.

„Имав прв пријателски телефонски разговор со Георг Георгиев, новиот министер за надворешни работи на Бугарија. Му честитав за назначувањето и ја изразив нашата решеност да го зајакнеме партнерството, да ја унапредиме соработката и заеднички да придонесеме за регионалната стабилност и заеднички напредок“, напиша Муцунски на својот профил на Икс.

Бугарскиот парламент денеска со мнозинство од 125 гласа „за“ ја избра новата влада во земјата на чело со премиерот Росен Жељазков.

Поврзани новости