Муцунски: Парламентарни избори се излез од овој ќорсокак!

by Fokus

Извршниот комитет на ВМРО–ДПМНЕ на денешната седница пред лидерската средба за уставните измени, го овласти претседателот Христијан Мицкоски да го пренесе ставот дека уставни измени под диктат и во овие околности не смее да има.

Ова меѓудругото го порача потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски кој смета дека уставни измени во овој момент значат отворање на вратата за нови себеодрекувања. Според него решение се само предвремени парламентарни избори.

„Носењето на уставни измени во состојба кога е нападнат националниот и државен идентитет на македонскиот народ кога се оспорува јазикот, историјата и културата не е никаков чекор напред туку отварање на вратата за нови поразителни условувања и себеодрекување. Македонија поради лесните отстапки до сега и штетните политики на власта е веќе во изолација. Измама е тезата дека на оваа лидерска средба се одлучува за интеграција или изолација. На оваа лидерска средба се одлучува или за уставни измени и национални порази, или за одбрана на националното достоинство и националните и државните интереси. За ваквата подредена состојба на државата е виновна криминализираната власт на ДУИ и СДСМ“, рече Муцунски.

Поврзани новости