50
Изборниот ден помина во генерално мирна атмосфера со низа мали прекршувања предизвикани од партиите на власт, истакна предмалку на прес конференција Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека забележани се притисоци при гласање, случаи за семејно и колективно гласање.
-На неколку изборни места во втората изборна единица нотирани се нефункционалности, како немање печат и слично – истакна Муцунски и додаде дека партијата ќе реагира за сите овие нерегуларности кои ќе се добијат во текот на вечерта.
Воедно, посочи дека овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт и, како што рече, враќање на Македонија повторно на народот.