Муцунски: Нема да прифатиме под уцена било какво решение или компромис

by Fokus

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, зборуваше дека Владата нема да прифати било какво решение под уцена или под притисок, зборувајќи за проблемот со Бугарија.

„Сакаме процес кој што е предвидлив, којшто има јасен почеток и јасен крај. Ние како Влада нема да прифатиме под уцена или под притисок било какво решение или било каков компромис. Секој компромис треба да содејствува со реалноста во која што живееме и со европските вредности и Европа која постојано на сите нас во целиот регион ни зборува. Во таа смисла зборувавме за потребата на деблокирање на нашиот пат кон полноправно членство“, вели Муцунски.

Муцунски кажа дека и Македонија ќе ги брани своите позиции и позициите на сите Македонци во дијаспората.

„Кога Европа нас ни зборува за примена на европски вредности, соодветно е и ние да ги одбраниме нашите позиции, односно позициите на сите Македонци кои што живеат во било која земја во светот, вклучително и Бугарија“, рече Муцунски.

Поврзани новости